И покрај рекациите на граѓаните и гостите поради пренасочувањата на возилата и хаосот до кој повремено доаѓа на улицата „Питу Гули“ поради изведување на градежните активности за реконструкција на улицата,тие ќе продолжат, информираат од локалната самоуправа.

Имавме дилема и консултации дали да продолжат активностите, кои во централното градско подрачје во голем дел се прекинати и ќе продолжат по сезоната. Но, после консултациите со службите и изведувачот одлучено беше дека градежните работи на „ Питу Гули“ се во фаза кога не би можеле да се прекинат. Ќе следи есенски и зимски период кога нема да можат да се одвиваат дел од работите на оваа главна сообраќајна артерија и од тие причини пресметавме дека ризикот од негодување на граѓаните сепак е помал од она што значи незавршување на работите во текот на сезоната, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Тој потенцира дека најважно е работите на време да се завршат и конечно да прекине досегашната пракса- откако ќе заврши реконструкцијата коловозот да треба повторно да се прекопува поради одредени индивидуални потреби на граѓаните.

OhridNews