Еден кинез и испратил на својата идна сопруга повеќе од еден милион долари и тоа во монети. Според пишувањето на „Шангај Дејли“, подарокот во кеш, тежок 102 килограми, бил донесен пред куќата на вереницата со конвој луксузни автомобили, меѓу кои имало и едно Масерати. Вкупно 18 лица ги носеле корпите од бамбус до врв полни со монети во апоени од 100 јуани со ликот на Мао Цетунг.

Верениците, кои се запознале пред три месеци, потекнуваат од богати семејства во источнокинеската покраина Џеидјанг, во која постои традиција за раскошно дарување на невестите. Двете семејства, кои имаат исто презиме Хуанг, одлучиле подарокот да биде во износ од седум осмици (8.888.888) јуани, број за кој во Кина се смета дека носи среќа и благосостојба.