По второто пријавување во првиот уписен рок во трите средношколски центри во општината кое заврши вчера, слободни места за запишување на осмоодделенците има во сите нив.

Незапишаните полуматуранти ќе можат да конкурираат на некое од средните училишта во текот на вториот уписен рок кој, согласно своевремено објавениот конкурс од страна на Министерството за образование, ќе се спроведе кон крајот на месец август, соопшти локалната самоуправа.

Во тој рок, завршените осмооделенци ке можат да конкурираат за следните слободни места:
За гимназиско образование 19,   за економски техничар 31, медицинска сестра 17. Во средното угостителско училиште слободни места има:  44 за келнери, 25 за готвачи и 27 туристички техничар. Во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ слободни се уште 176 места за разни струки на занимање при што најмногу (33) ги има за струката „автотехничар-бравар“, а најмалку (5) за „сообраќаен техничар“ .

За потсетување, во општина Охрид  ( сметано и оние од соседната општина Дебрца) основното образование го завршија вкупно 744 ученици, а  во општинските средни школи можат да се запишат вкупно 1044 ученици.

Ohridnews