Спортско-риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ ќе организира меѓународен фестивал на плашица наречен „Денови на плашицата“.

Спортските риболовци се решија манифестацијата да ја организираат во февруари, кога  Охрид нема никаква туристичка понуда.

„Во Македонија постојат фестивали на вино, сирење, пиво, скара, па зошто да нема и фестивал на плашицата“, велат од клубот „Свети Апостол Петар“.

Организаторите најавуваат меѓународни натпревари во подготвување рибна чорба, натпревар во рибарски дисципини и богата културно-забавна програма.

Ohridnews