И Петрески се приклучи кон честитките за победата на Пејчиновски
13.04.10 15:00
Охриѓанецот Дамјан Пејчиновски го освои првото место на интернационалниот натпревар “Зиа гитарелор контест”, кој се одржа во Букурешт, Романија.
Натпреварот преку интернет предизвикал големо внимание, особено поради составот на жирито, односно професионалците Енди Тимонс, Брет Гарсед, Корадо Скуандура, Фабрицио Дад, Вилијам Стравато.
На многубројните честитки кои стигнаа на адреса на Дамјан се приклучи и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, во честитката се вели:
-Победата со максимално освоените пет ѕвездички од жирито на фестивалот во Букурешт во конкуренција на светската класа гитаристи, е уште една потврда за твојот талент и нагорен развој во кариерата. Истовремено, освојувањето на првото место на оваа престижна манифестација е уште еден бисер во герданот успеси со кои ти и другите талентирани сограѓани го афирмирате Охрид ширум светот. Тоа е и мотив повеќе за нас како локална власт да ве помагаме и поддржуваме во таа ваша благородна мисија корисна за сите нас.
На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид, информира вицепремиерот Ал...
Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно ...
Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.