На 2 Август, Илинден, во познатата крајезерска туристичка населба Пештани, ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Културно лето – Пештани 2019“.
Настанот ќе започне во 20.30 часот со уметничкиот перформанс „Биљана платно белеше“ по што Драган Тренески ќе се осврне на Пештани низ времето. Поезија и проза ќе читаат: Весна Бакулеска, Бети Симоноска, Татијана Јанеска и Сузана Коческа.
Во рамки на манифестацијата ќе биде промовиран албумот „Елегија“ на Горан Папаз и Танче Гроздановски.
Пештанското културно лето ќе биде заокружено со ликовна изложба на Марија Мешкоска и Валентина Толеска, инаку креатор на манифестацијата, што ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура.
Модератор – водител на манифестацијата ќе биде Марија Раткушиновска Бимбиловски.
OhridNews