Битолски Пелистер се откажа од понатамошните натпреварувања во кошаркарското првенство. По охридскиот Амак СП, Пелистер е втората екипа која пред време го завршува натпреварувањето.



Минатогодишните куп финалисти не успеаа да излезат на крај со финасиската криза и Амак СП порано , а Пелистер подоцна се збогуваа со кошарката.


По откажувањето на Пелситер на ред се раководните лица во федерацијата да одлучат како ќе продолжат натпреваруварувањата во супер лигата и во плеј аутот. Постои опција Плејмејкер Кубус да оди во супер-лигата, а воопшто да не се игра плеј-аут сегментот затоа што веќе познато е кои екипи ќе одат во понизок ранг.

M.П.