Како се наближуваат локалните избори, така се повеќе се лицитира со имињата на можните кандидати за градоначалник на Охрид. Меѓу спомнуваните сериозни кандидати на владејачката ВМРО ДПМНЕ е и актуелниот државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски.

„Кандидатурата е прашање на перцепција за одреден потенцијален кандидат од страна на партијата и граѓаните пошироко. Независно од тоа , Охрид во секој случај мора да почне да се идентификува со нешто далеку поразлично од досега за да може да го врати нарушениот дигнитетот , духот и визијата за економскиот просперитет. Мислам дека конзервативната филозофија на почитување на традицијата , религијата и реалноста е она што му е сега насушна потреба на Охрид“, вели Паноски.

Тој вели дека лично не е  оптоварен ниту размислува многу во правец на кандидатура. „И досега , без некоја највисока политичка позиција  се надевам дека успевав нешто позитивно да придонесам за Охрид. На тоа гледам како должност кон градот . Јас немам проблеми и да превземам поголеми политички обврски но и немам фрустрации и да си се вратам строго на стручната работа, носејќи ја секогаш со себе конзервативната филозофија“, изјави за Оhridnews, Пановски.

Паноски вели дека процедурата околу избор на кандидат ќе биде демократски спроведена  во рамки на партијата, која  одлуката ќе треба да ја  прифати со цврсто единство. „Лично , не мислам дека јас ке бидам кандидатот , но кој и да е ќе ја има мојата поддршка во функција на единството и во функција на драматично неопходната промена во начинот на управување со Охрид и односот кон неговиот дигнитет“, вели Пановски.

Ohridnews