Поради голем интерес, Адреналинскиот парк во кампот Љубаништа и претстојниот викенд ќе работи со намалени цени за половина. Сите кои не успеаја да го посетат адреналинскиот парк на отворањето на сезоната изминатиот викенд, тоа може да го направат на 25 и 26 мај и да уживаат во забава и рекреција со преку 30 вежби, зиплајн и бејби зиплајн.

Разбудете го авантуристот во себе, побегнете од секојдневието и работните обврски и поминете возбудливи моменти на чист воздух уживајќи во уникатниот спој на Охридското Езеро и прекрасната Галичица. Адреналинскиот парк во кампот Љубаништа, единствен таков во овој дел од земјата, е идеален за дневна забава за целото семјетво, од најмало до најголемо, за дружење, тим билдинг или едноставно за релаксација и одмор.

И претстојниот викенд забавата во Адреналинскиот парк во кампот Љубаништа  е по промотивни цени, со 50% попуст на влезниците, односно 450 денари за возрасни и 300 денари за деца.

Кампот Љубаништа, покрај значителни вложувања во инфраструктурата и условите, изминатите години воведе бројни забавни и други содржини со што ова место прерасна во  една од најатрактивните туристички дестинации на охридското крајбрежје.

OhridNews/PR