Нов викенд е пред нас, време е за малку одмор од работните обврски и забава.
Денеска (петок) во бистро „Корнер“ ќе се одржи афтерворк забава со почеток од 17:00 часот.
За забавата ќе се погрижат Андреј и Цвијо, а ќе има промотивна цена на Александрија Куве 0.75 – 600 денари.
Петок, 07.04.2017, во лаунџ бар „Влахов52“, настапува бендот „К’ј Данте“.
Уживајте во одлична свирка, вкусни специјалитети и добра услуга во „Влахов52“.
Забавата започнува во 21.00.
Петок, 7-ми април во „Куба Либре“ настапува Ѓоко Танески со неговиот бенд.
Почеток: 22 часот.
Петок 7-ми април, вечер на староградска музика во најурбаното мезачко катче во Охрид. Уживајте во најголемиот избор на мезиња, вина и ракии и музиката на Ансамбл „Билјана јуниор” во „Мезе бар 10“.
Почеток на забавата 21.00.
На 7 и 8 април, во охридскиот Народен театар повторно ќе биде изведена претставата, „Аналфабет“, работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.
Претставата се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.
Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.
Во претставата се користат пиротехнички средства и претставата не е препорачлива за возраст под 14 години.
Почеток 20.00ч.
Оваа сабота, 08.04.2017, уживајте во староградскиот мелос и вкусни специјалитети во лаунџ бар „Влахов“. За забавата ќе се погрижи ансамблот „Билјана јуниор“.
Забавата започнува во 21.00ч.
Не пропуштајте ја најдобрата забава во Охрид.
Инфо и резервации: 070-261-273.