Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид  „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, и оваа година ќе се одржи во месец октомври во  организација на Црвен крст Охрид.

Традиционален партнер на акцијата „ За посреќно детство“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.

Манифестацијата ќе започне со главна трка во која ќе учествуваат деца од најразлична возраст, а ќе продолжи со најразлични спортските активности и забавните содржини.

OhridNews