Привршуваме уште една работна недела. Време е за квалитетно опуштање и релаксација од секојдневните обврски. А како ако не со добра забава.

Овој петок, 20 декември, Бистро „Корнер“ организира „after work“ забава со „Икс бенд“, на која ќе има промоција на пивото „Перони“.

Афтер ворк забавата во Корнер почнува во 17 часот.

 

Со голема роденденска забава, што ќе се одржи во петок, 20 декември, „Кадмо“, ќе одбележи 13 години постоење.

Роденденот „Кадмо“ ќе го одбележи со забава во барот во центарот на Охрид, на која ќе настапи бендот „The groove“.

Забавата почнува во 22 часот.

Во организација на лајанс клубовите од Охрид: Лихнидос, Десарети, Охрид и Деница, во петок, 20 декември, во кафе и бар „Шила“, ќе се одржи голема хуманитарна забава. Средствата кои ќе се соберат од продажба на влезници, како и половина од прометот кој ќе биде направен, ќе бидат донирани за поддршка на Центарот за деца со аутизам.

Хуманитарната забава во „Шила“ почнува во 20 часот.

Влез 300 денари.

Предновогодишната забава во Аквариус продолжува! Овој петок, 20 декември ќе ве дружи Владо Броз со пријателите.

Почеток 21 часот.

Во фиш & лаунџ ресторанот „Лихнидос“, овој петок, 20 декември, за забавата ќе се погрижи Стефан Величковски.

Почеток 21 часот.

Независната аматерска театарска дружина „Аматер“, на 21 декември, сабота,на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, премиерно ќе ја изведе претставата „Сe до Полноќ“. Претставата репризно ќе биде одиграна во недела, 22 декември.

Претставата почнува во 20 часот.

Оваа сабота, 21.12. во „Куба Либре“ настапува „Игуана“ бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Во „Ла Фабрик“, во сабота, 21 декември, настапува популарниот охридски бенд „Броз“.

Забавата почнува во 21.30 часот.

Во „Скај Корнер“ оваа сабота, 21 декември, настапува „City band“ oд Битола.

Забавата почнува во 21 часот.

Викендов во „Скај Корнер“ уживајте во извонредната понуда на пијалаци по промотивни цени, а може да избирате помеѓу повеќе понудени пакети.

Во Кадмо бар и оваа сабота e ден за сетила. Уживајте со 3G и одбрана музика, одлично вино и мезе по промотивна цена.

Во сабота, 21 декември, во клубот Џез Ин, ќе се изведе третата епизода од шестата сезона на популарното комично шоу Импровокација. Актерите од Охридскиот театар: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски подпомогнати од Филип Ангеличин-Жура и Никола Јосифоски покрај креативниот хумор, традиционално и претновогодишно ќе ги наградат присутните гледачи. Со секоја купена карта имате можност да добиете награда.

Почеток на шоуто е во 21:00 часот.

Во сабота вечер во ресторан Бонанца уживање со одлични специјалитети и музика во живо, а цо недела, 22 декември, ручек време со маестрото на пиано Никола Јосифоски.

Опуштањето почнува од 14 часот.

 

Претстојниот викенд во „Скај Корнер“, сладокусците повторно ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: Крем салата, мариниран црн домат, киселен зеленчук, Бистра зеленчукова супа, Свинска коленица со кисела зелка и Пита од јаболка.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек на 22 декември.

За културните и забавните настани во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“ и специјализираните содржини на OhridNews.

OhridNews