Продолжува периодот на сончево и топло време, во кое ќе уживаме и оваа седмица. Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Mаксималната дневна температура во Охридскиот регион ќе достигне до 29 степени Целзиусови.
Во вторник не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Ноќите ќе бидат нешто посвежи со температура од 8 до 18 степени, но затоа дневните максимални температури ќе бидат високи и ќе се движат од 28 до 34 степени.
Слично време не очекува и во наредните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews