За претстојниот празник 8-ми Март, хотелот „Гарден“ подготви богато мени по исклучително поволна цена.
Менито по цена од 550 денари нуди сезонска витаминска салата, а за главно јадење може да изберете помеѓу поточна пастрмка во фурна или пилешко филе и телешко печење во сос. Како десерт следува „Гарден“-пита со јаболка. Може да се доплати 350 денари за неограничен број пијалоци.
За забавата ќе се погрижи извонредната група „Персиди“, која ќе настапи во сабота и недела. Забавата почнува во сабота вечер во 20 часот, а во недела таа ќе почне во 14 часот, а ќе продолжи во вечерните часови.
Резервации на телефонот: 046/ 260-261.
OhridNews