Најголемиот автопревозник во земјава АД „Галеб“ Охрид и ова лето воведува повеќе редовни линии до најатрактивните одморалишта во регионот.
Од 21 јуни „Галеб“ започнува редовна линија за црногорското приморје: Охрид – Улцинј – Бар – Сутоморе – Будва – Котор – Херцег Нови – Охрид. Кон овие дестинации „Галеб“ ќе вози секој втор ден, односно во непарни датуми во јуни и јули, а во парни датуми во август.
Поаѓањето е во 22.30 часот од Охрид, односно во 23 часот од Струга.
Како и изминатите години, цените на билетите се поволни и се движат помеѓу 1200 и 1500 денари во еден правец, односно помеѓу 2200 и 2700 денари за повратен билет.
Кон летните дестинации ќе сообраќаат модерни автобуси, удобно опремени и климатизирани.
Повеќе информации за линиите до летните дестинации можат да се добијат на инфо броевите 071 231 240 и 071 231 707 како и на фејсбук страната на „Галеб“ Охрид.
Со цел да им излезе во пресрет на патниците, „Галеб“ и ова лето во ударните термини ќе воведе повеќе вонредни линии до и од Охрид.
OhridNews