Понекогаш навистина сме среќни што кај нас не врнат обилни дождови како на пример „Монсуните“ во Азија, затоа што каква инфраструктура имаме и најмали врнежи предизвикуваат хаос.
Оваа грда слика ни повеќе ни помалку е во центарот на Охрид. За оние кои не го препознаваат местото, тоа е паркингот наспроти Пожарна, или позади Сервисот за молби и услуги(за лични карти). Таму секојдневно е хаос, од автомобили кои се паркираат каде ќе стигнат, до ископани улици, отворени шахти. Тука и да нема човек од градот кој не подзастанал и не видел што се случува. Ама тие доаѓаат и си одат, а жителите од околните згради и вработените во дуќаните и фирмите околу секојдневно се соочуваат со неподносливиот метеж, а дождот само ја прави ситуацијата уште понеподнослива. Не е лошо одговорните од Фондот за комунален развој да прошетаат накај Пожарна па да видат што се случува таму и со што се не се соочуваат лужето кои живеат во овој дел на градот. Во меѓувреме еве неколку фотографии од „центарот “ на Охрид…
и ова е центар на Охрид
Г. Момироски