Вонредна седница денес беше одржана и од страна на Советот на Oпштина Струга, со една точка на дневен ред за определување финансиска поддршка за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани.
На седницата едногласно беше донесена одлуката за доделување на финансиска помош од 1 милион денари за жртвите од трагедијата во Кочани, информираат од Општина Струга.
Седницата започна со еден минутен молк во чест на жртвите од овој многу трагичен настан.
OhridNews