Од 20- ти август до 2- ри септември, се реализираат еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во трето одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.
– Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата, објаснуваат од Бирото за развој на образованието.
Обуките се организирани регионално, на македонски јазик и на албански наставен јазик, од страна на акредитиран понудувач на обука и услуги. Со обуките ќе бидат опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.
OhridNews