Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат Универзитетот за информатички технологии во Охрид да го добие името „Свети Апостол Павле“.

Во предлогот, кој вчера беше доставен во Собранието пишува дека „основната цел е дефинирање на името на Универзитетот, давајќи го името на една од најзначајните светски личности свети Апостол Павле, кој го донел и проширил христијанството во Европа, основата на модерната западна цивилизација“.