Не стивнува поддршката за Марко Пејчиноски. По херојскиот подвиг кој го направи ова 12-годишно момче, препливувајќи го Охридското Езеро, и ја дигна на нозе целата јавност, огромен е бројот на поддржувачи на неговиот успех.

Денес, на својот фејсбук профил се огласи и Охридска Банка Сосиете Женерал, објавувајќи фотографија од посетата на Марко на Банката, која го прогласи охридскиот херој за прв член на клубот на таленти и му додели депозит за детско штедење.