Проектот има за цел да го поддржи пристапот заснован на човековите права во процесот на планирање на националните и локалните власти коишто се занимаваат со социјална инклузија, социјална заштита и намалување на сиромаштија.
-Тоа вклучува идентификација на ранливите групи на граѓани, консолидирање на нивното учество во дизајнирањето и имплементирањето на специфични политики насочени кон подобрување на нивната благосостојба и поддршка во креирањето на ефективен систем на мониторинг на релевантните носители на обврски. Поточно, проектот цели кон зајакнување на капацитетите на децентрилизираните канцеларии на центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување –како и на локалните власти да обезбедат соодветни социјални услуги за најранливите групи на граѓани почитувајќи ги принципите на пристапот заснован на човековите права -се вели во јавниот оглас на проектот.
Во него се нагласува дека предност за аплицирање, ќе имаат општините каде што персоналот ќе даде силна заложба. Формуларите за аплицирање можат да се најдат на следнава веб адреса http://bim.lbg.ac.at/makedonija , а истите треба да се испратат најдоцна до 31 март 2010.