Ракометната академија во Охрид е една од 26-те на ракометниот клуб Металург кои ги има ширум Македонија.
Охридскиот органок на Металург со работа започна септември минатата година и брoи околу 100 членови.
Дечињата се поделени во две возрасни категории од шест до девет години и од десет до тринаесет години, а тренираат во спортските сали од основите училишта Григор Прличев и Христо Узонов.
– Работиме по однaпред направена програма и со најсовремен опрема. Многу сум задоволна од одзивот и интересот на дечињата за откривањето на ракометните тајни – рече тренерот во академијата, Александра „Сани“ Џамтоска.
Летово охридската академија ќе биде дел од кампот, кој секоја година Металург го одржува во Охрид, а ќе бидат специјални гости на меѓународен камп во Србија.
Од следната сезона акaдемијата на Металург од Охрид ќе пријави екипа во пиноерското првенство во Македонија.
Фото : Емилио
Мх.П.