Најголемиот туристички центар во Македонија од денеска е поврзан со светската метропола Лондон со нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која попладнево го реализираше првиот лет од британската престолнина до аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Оваа авио линија е овозомжена со субвенции на општина Охрид и Владата на Република Македонија.

-Согласно договорот планирано е до септември неделно на оваа линија да се реализираат по два лета и се очекува оваа сезона од Лондон до Охрид да пристигнат околу 2500 патници, истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој најави дека наредната година субвенционирани летови на релација Охрид – Лондон да има во периодот од 15 мај до 31 декември.

Директорот на „Тав Македонија“ Зоран Крстевски истакна дека воведувањето на оваа линија ќе биде добра можност не само за туристите туку и за бизнисмените, имајќи го предвид фактот дека во близина се гради слободна економска зона.

Покрај оваа, од 1-ви јули ќе биде воведена и субвенционирана линија Охрид – Базел која ќе се реализира во наредните три години.

OhridNews