По прв пат во историјата ќе можеме да гледаме ноќна трка во Формула 1.

ФИА и официјално ја потврди одлуката, а првата трка од овој вид ќе се вози на 28 септември следната година во Сингапур.

Дали патеката ќе биде осветлена од сите страни и дали болидите ќе имаат предни светла останува да видиме.

Прашање е само како возачите ќе се прилагодат на ваков вид возење, ама тоа веројатно не би требало да го загрижува актуелниот шампион, Кими Раиконен, бидејќи во неговата родна Финска ноќите траат и до 20 часа.

ohridnews