Новата социјалдемократска партија на Македонија – НСДП, на претстојните локални избори во Охрид ќе настапи самостојно, а кандидат за градоначалник ќе биде актуелниот претседател на општинската организација, Ацо Попоски. Ваквата одлука денеска беше официјално соопштена во Скопје, по состанокот на највисокото партиско раководство одржан викендов.


Ацо Попоски – кандидат за градоначалник на Охрид на НСДП

 НСДП соопшти дека во дел од општините ќе соработува со опозицијата, но дека во Охрид, партијата ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник. Партијата информираше дека го подржува кандидатот за претседател на државата на СДСМ – Љубомир Фрчкоски, а за возврат очекува поддршка за Тито Петковски кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје.

Ацо Попоски е втор официјален кандидат за градоначалник на Охрид, откако претходно СДСМ се изјасни дека на претстојните избори ќе настапи со актуелниот градоначалник, Александар Петрески. Засега ВМРО ДПМНЕ не го соопштила името на сопствениот кандидат, а се очекува листата потенцијални градоначалници да биде проширена со уште неколкумина кандидати.

Ohridnews