Владата на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Р.С. Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест „RT PCR SARS-CoV-2“, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја.
Исто така, граѓаните од посочените држави ќе треба и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.
Дополнувањето на одлуката стапува на сила од 10 јули, информира владината прес служба.
OhridNews