Дека новинарството е ризична професија, потврда е повикот што до медиумите го упати Републичкиот завод за здравствена заштита. Имено оваа инстуција денеска во Градскиот завод во Скопје, ќе спроведе доброволно вакцинирање на новинарите против новиот тип на грип А(Х1Н1), а имунизацијата на ризичните категории граѓани паралелно продолжува и во заводите за здравствена заштита во другите општини.

Новинарите во секојдневното извршување на професионалните обврски се изложени на многубројни контакти и ризик од инфекција. Сепак од разговорот со колегите воочивме поделени мислења околу вакцинацијата против новиот грип. Кај дел од нив, како и кај другите граѓани од таканаречените ризични категории постои дилема околу имунизацијата. Министерството за здравство вчера упати апел до граѓаните кои секојдневно се изложени на контакт со многу луѓе да се вакцинираат за да се заштитат од новиот грип кој досега во Македонија однесе 12 животи.

Ohridnews