По Горан Пандев и Николче Новески одлучи да се повлече од фудбалската репрезентација на Македонија.
Новески околу повлекувањето го информирал селекторот Бошко Ѓуровоски, кој изјави – Новески ме информираше дека дефинитивно се откажува, поради годините, од натамошните настапи во репрезентативниот дрес, а Марио Ѓуровски има договор со клубот да не игра за репрезентацијата на одредени натпревари. Па, ако не можеме да располагаме на него постојано, не може да игра и во квалификациите во следниот циклус.
Возраста била главна причина за повлекувањето на Новески, кој беше вистински пример за професионалност и беспоштеден борец на теренот.
Мх.П.