„И ние сме како вас“ е натписот што стои на таблата која неодaмна на магистралниот пат Охрид – Св. Наум ја постави сопственикот на ресторанот “Далга“, Љупчо Патче.

Иако брзината на овој патен правец е ограничена на 60 километри на час, ретко кој од возачите се придржува кон пропишаната брзина, поради што се` почесто страдаат животните кои претрчуваат на коловозот.

Целта е да се влијае на возачите да бидат повнимателни за да се заштитат беспомошните животни кои се чести жртви на овој патен правец, вели Патче.