Дневните бројки на заразени со корона-вирусот и натаму остануваат високи. Голем е бројот и на заболени кои имаат потешка слика и им е потребно болничко лекување. Надлежните велат дека засега не се размислува за воведување нови рестриктивни мерки, иако не го исклучуваат како можност, но, се надеваат дека мерките што веќе се на сила ќе дадат резултат, апелирајќи на нивно доследно почитување. Се работи на зголемување на болничките капацитети кои ќе можат да им дадат помош на оние кои им е потребно болничко лекување. Дополнително и Армијата отстапи свои санитетски возила за потребите на здравството за превоз на пациенти забилени од КОВИД-19.
Дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки, Комисијата за заразни болести ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.
Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, соопшти вчера Министерството за здравство.
Министерот Филипче вели дека во моментот се фокусирани на болничките капацитети, како критично прашање. Се размислува како да се обезбедат доволно болнички кревети и кадар што ќе работи и ќе ги лекува пациентите. За мотивација и награда за здравствениот кадар за справување со кризата, додава тој, се обезбедени околу 60 милиони денари.
И во Охрид фокусот налокалните власти е обезбедување на што е можно повеќе болнички кревети за ковид болните чиј број секојдневно расте. Вио моментов во оптата болница каде релиси сите одделенија се адаптирани на кризата хоспиталкизирани се речиси 100 ковид позитивни, а другите болници во градот се подготвуваат да офговорат на предизвикот.
Во насока на зголемување на здравствените капацитети и обезбедување поддршка за заболените пет болнички возила на Армијата од вчера и се ставени на располагање на Брзата помош со цел да се зајакне транспортот на пациентите болни од Ковид -19 до болничките капацитети. Во текот на следните денови се очекува да бидат отстапени уште две возила од Армијата кои ќе се користат за другите градови.
Притисокот е голем и неопходен е брз транспорт. Оваа помош е драгоцена и ќе биде важна бидејќи ќе го зголеми бројот на тимови кои ќе бидат на располагање за транспорт на пациенти. Здравствениот ситем веќе неколку денови по ред е под огромен притисок. Ситуацијата е критична. Утринава имавме координативен состанок со директорите на интерните клиники и договаравме распоред на пациенти и дполнителни болнички капацитети. Формиран е дополнителен тим којшто е одговорен за третманот на пациентите на интерните клиники, истакна Филипче.
За заштита на граѓаните и здравствениот кадар е и вакцинацијата против сезонски грип. Сезонава првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје. Започна и вакцинацијата на ризичните категории граѓани, кои можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Министерството за здравство потенцира дека за оваа година, набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година.
Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи со Ковид-19, oд кои 26 во Охрид. Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1059 случаи на Ковид 19, а активни се 463.
OhridNews