И денеска се регистрирани повеќе оздравени отколку новозаболени од коронавирус во земјата. Во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19, од кои 2 во Охрид, 4 , 45 во Скопје, 26 во Куманово…

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти еден во Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 145.705 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14163, бројката на оздравени пациенти е 10933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2640.

OhridNews