„За „Охридњуз“ мислам се најдобро. Лично го отварам секој ден и мислам дека му нема рамен. Постојат и „Курир“, „Нет-прес“ и други, но „Охридњуз“ е уникатен  и Македонија треба да се гордее со него.

Весникот содржи вести кои се експлицитно пренесени, документирани и поткрепени со слики“, изјави доктор Сашо Василевски, вработен во интерното одделение на Општата болница и  член на Лајонс клубот „ Охрид“.

Лејла Гогова, водителка на ТВМ-вестите  вели:„Пред две години случајно слушнав дека нашиот град го добил својот прв електронски весник. Љубопитно го отворив и…… од тој ден, веќе две години, утрата ми започнуваат со „Охридњуз“ и топло нес-кафе. Се радувам на вашиот успех и секојдневно сум сведок на вашиот огромен ентузијазам и професионализам. Верувам дека ќе продолжите и натаму со фер и објективно информирање“.

„Охридњуз“ е вистински прозорец кон Охрид, а неговите успеси се заслуга на квалитетот. Убеден сум дека секој интернет-корисник го отвара овој сајт а имам информации дека е многу читан и надвор од државава, во светот.

Ме радува што информациите се ажурираат во текот на 24 часа“, оценува Боро Павлоски, директорот на јавното претпријатие „Охридски комунаец“ и прв човек на либерал-демократите во Охрид.

Дејан Пановски од билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, исто така со пофални зборови за нашиот труд:  „Охрид треба да биде симбол на транспарентноста , на протокот на информации и со тоа симбол на демократијата . Не ни одат најсјајно работите во тој правец но токму Првиот електронски весник „Охридњуз“  внесе квалитетно поместување во таа насока . Гледано според читаноста , влијанието и коментарите мисијата е успешна а најуспешна е поради веќе секојдневната реченица низ градот – Прочита , имаше денес на Охридњуз !!! Нека е долговечно“.

„ Охридњуз“ е освежување на медиумското поле со навремени, брзи кратки и концизни информации кои може да ги разбере секој човек“, вели претседателот на Советот на општина Охрид, Владо Чингоски.

Директорот на фестивалот „Охридско лето“, Тони Симоновски  оценува дека нашиот електронски весник е најдоброто нешто што се случува во сферата на информирањето во последните две години, не само во Охрид, туку и пошироко. „Весникот овозможува навремено и точно информирање и е најпосетуваниот сајт не само во Охрид,туку и во државава. Кога сум на пат, надвор од Македонија, за да се информирам што се случува во Охрид, редовно го отварам вашиот сајт“, вели Симоновски.

 Честитки по повод вториот роденден и освојувањето на Светиклиментовата повелба до Ohridnews упати и познатиот охридски музичар со светско реноме, Владимир Четкар:

-Охридската убавина нема потреба од наметливост бидејки таа е гласна и кога шепоти. Како што самата еволуција тука го достигнува совршенството со величенствената пастрмка и другите живи фосили, така и историското наследство му одговорило на природното па денес тие моќно и нераскинливо коегэистираат во совршена баланса.

Некогаш ми се чини дека самиот Охрид на своите гради го распослал магичниот ѓердан на хармонија и дека во тоа е тајната на неговата эаводливост и вечна убавина. Сите овие нешта кај мене делуваат инспиративно но будат и огромна одговорност. Како муэички уметник кој доаѓа од историскиот духовен и културен центар Охрид, чувствувам  голема одговорност достојно да го претставам насекаде во светот.  Кога не сум во Македонија носталгијата кон мојот роден град логично води кон потребата эа поврэаност и информираност эа се она што се случува таму а Ohridnews како одличен медиум веќе две години ми помага во тоа.

Ohridnews  од идеа стана амбиција эа на крај да стане успешен медиум кој постојано се усовршува. Среќен сум што деновиве Ohridnews полни две години како успешна прикаэна и посакувам таа прикаэна да нема крај!
Среќен роденден!

Владимир Четкар

Ohridnews