Иако е починат, Мајкл Џексон продолжува да заработува многу пари, па така во 2012 година остварил приход од дури 160 милиони долари со што се наоѓа на прво место пред сите починати ѕвезди, но и пред сите живи ѕвезди по заработка. Мајкл Џексон исто така се наоѓа пред Мадона која се наоѓа на врвот на листата по заработка меѓу живите ѕвезди.
„Најважната работа за оние кои што ги застапуваат мртвите ѕвезди е да се обидат нивното име да го задржат во јавноста и да биде актуелно долго време“ вели адвокатот од забавната индустрија, Доналд Дејвид. Зад кралот на поп музиката се наоѓа Елвис Присли со заработка од 55 милиони долари, а на третото место се наоѓа американскиот стрип автор Чарлс М. Шулц (авторот на Снупи) со заработка од 37 милиони долари.