Снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд ќе почне во понеделник на 8 декември а во улога на Бонд девојки ќе се најдат дури де актерки, Моника Белучи и Леа Сејду. Во улогата на агентот 007 повторно е британскиот актер Даниел Крег, а режијата и во овој филм е доверена на Сем Мендес. Насловот на филмот, кој во кината би требало да се појави во октомври 2015 година ќе биде “Spectre”, што е името на терористичка организација од еден од претходниот филмови за тајниот агент.
Во филмот ќе играат и австриецот Кристоф Волц и британецот Едру Скот, познат по улогата на професорот Моријарти од серијата за Шерлок Холмс. Режисерот соопштил дека снимањето ќе трае седум месеци и дека филмот ќе биде работен во студиото Пејнвуд недалеку од Лондон и на локации во Рим, Мексико, Мароко и Австрија. Исто така претставен и новиот модел Астон Мартин DB10, автомобил кој Бонд ќе го вози во новиот филм.