“Користа од матичните клетки земени од млечните заби е огромна. Кај нас е новина, додека на Запад се практикува повеќе од 15 години”, вели доктор Наум Цветановски од скопската фирма “Биотехнологија” кој деновиве имаше презентација на оваа тема и во Охрид. Според доктор Цветановски, истражувањата кај инфарктите покажале дека матичните клетки можат да извршат регенерација, реинервација и реваскуларизација на миокардот, или, како што рече, пациентот да добие ново срце.
Во светот, со клетките од забите се лекуваат Дијабетес тип 1 кај децата, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, ревматоиден артритис, мозочен удар и слично.
Доктор Наум Цветаноски потенцира дека иако ова е новина кај нас, сепак, и охриѓани се заинтересирани за чување матични клетки. Цената на клетките земени од папочната врвца чини 1450 евра, додека на оние од млечните заби е 1100 евра. Фирмата “Биотехнологија” нуди поволности при плаќањето преку кредити, а матичните клетки се чуваат во течен азот во период од 20 години во банките во Солун и Атина.