Некогашниот холивудски секс симбол, Мерлин Монро, добила своја восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Вашингтон, пренеле агенциите. Мерлин Монро умрела пред 51 година, но и понатаму е културен феномен, а за младите е икона на стилот.
Таа била позната по многуте филмски остварувања меѓу кои се издвојуваат „Некои го сакаат тоа жешко“, „Мажите повеќе сакаат блондинки“ и „Како да се омажиш за милионер“.