По ангажирањето на Дејан Манасков и Лука Циндриќ во името на Мијајло Марсенаќ Вардар ангажираше уште еден поранашен ракометар на Металург.


22-годишниот ракометар со „црвено црните“ потпиша три годишен договор, а треба да биде замена за рускиот репрезентативец Михаил Чипурин, кој заминува по завршување на сезонава.

Формата и кондицијата по заминувањето од Металург надежниот играч на линијата од шест метри ја одржуваше во Партизан.

Марсениќ беше еден од плејадата играчи кои ги имаше пикирано хрватскиот стручњак Лино Червар за проектот подмладување на Металург, кој нажалост се сруши како кула од карти.

Мх.П.