Иако економската криза негативно се одрази врз туризмот во сите туристички центри во регионот, сепак тоа не може да не утеши нас- како локална самоуправа и туристичките работници во градов, велат од локалната самоуправа.
Годинава во градот престојувале 25 % помалку гости споредено со минатата година, велат од Секторот за туризам и локален економски развој. За толку е помал и приливот на средства, кој во вид на наплатена туристичка такса се слева во општинскиот буџет.
Заклучно месец август наплатени се околу 7, 5 милиони денари туристичка такса, иако тоа не се конечните резултати, потенцираат од Локалната самоуправа.