Младиот ракометар Владан Липовина го напушти македонскиот првак Металург по новонастанатата ситуација во тимот од Автокоманда.
Липовина екипата на Металург ја засили пред почетокот на сезоната и на него и другите млади ракометари требаше да се гради новиот состав на „металурзите“.
Но, финансиската криза во Металург си го направи своето и полека се распаѓа проектот, кој донесе историски успеси за македонскиот ракомет.
Прво од редовите на Металург спогодбено замина Дарко Станиќ, потоа голманот Коциќ, а еве сега и Липовина.
Последните најави говорат дека пред раскин на договорот се хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ и рускиот бомбардер Павел Атман.
Мх.П.