Најбогатиот човек на Квинсленд, Клив Палмер на својата 15-годишна ќерка и купил јахта вредна околу 3 милиони евра. Емили Палмер јахтата долга 30 метри ја добила за својот роденден.


Детскиот психолог Џон Ирвин рекол дека јахтата е опасен поклон бидејќи девојчето нема да може да ја научи вредноста на парите. Тоа го нарекол неодговорно однесување на родителот. Рекол дека станува збор за личното его. Таткото се прави важен наместо да го научи детето само да го заработи она што ќе го потроши.