Современата технологија за производство на струја од метан (моќ на кравите) е решение кое може добро да функционира со одгледување на стока, пишуваат светските медиуми. Процесот вклучува потхранување на ѓубривото во затворен простор од 20 до 80 дена, во зависност од температурата, што е период во кој се собира гасот метан кој се ослободува при природното распаѓање на ѓубривото, и кој по прочистувањето се претвара во биогас. Биогасот потоа се уфрла во генератор за електрична енергија од кој се произведува струја.
Погодностите на технологијата за производство на електрична енергија од метан вклучува контрола на миризбата, производство на обновлива енергија (5000 крави можад да произведат до 500 киловати), загревање на вода за употреба во одгелдувањето на кравите и производство на млеко, како и намалување на емисијата на метан. Покрај тоа, таа технологија дава прилика за креирање кредит за емисија на гасови со ефект на стаклена градина како нов вид приходи за земјоделците.