Според древната традиција, на кралските пчели треба да им се „соопшти“ дека нивниот претходен монарх починал, а на негово место доаѓа нов.

Кралскиот пчелар Џон Чапл (79) морал да им ја пренесе тажната вест на пчелите чувани во кошниците околу Бакингемската палата – дека кралицата починала, и оти сега имаат нов владетел, кралот Чарлс Трети, пренесуваат британските медиуми.

 

По веста за смртта на кралицата, тој се упатил кон Бакингемската палата и Кларенс Хаус за да го изврши ритуалот. Пред да им се обрати на пчелите, тој врзал машни од црни ленти на кошниците.

Во Бакингемската палата има пет пчелни кошници, од кои секоја има околу 20.000 пчели.

OhridNews