После постарите сестри, и најмладата сестра Кардашиан планира да се разголи. Откако Ким Кардашиан се разголе за насловната на списанието „Paper“, а Кортни Кардашиан се фотографирала гола во поодмината бременост, сега и најмладата сестра Клои сака да позира гола. Како што јавуваат медиумите, таа е во преговори со списанието „Плејбој“, а во игра наводно е и голема парична сума.

 

Извор близок до неа открил дека таа сака да ги шокира сите со својот изглед. Исто така откриено е и дека списанието би и платило милион долари за разголено позирање, а Клои ќе мора да работи по неколку часа на ден и да држи строга диета пред самото снимање.