Градот на Лавовите го добил името по петте Планини на лавовите во позадина, а познат е и под името Ши Ченг, но она што е интересно во врска со него е дека е под вода веќе 53 години. Овие денови многу нуркачи повторно го откриваат изгубениот град. Меѓународните археолози го опишале како совршено сочуван од негвото потопување пред 53 години. Градот завршил под вода бидејќи на кинеската влада и требало езеро, па изградиле брана.

Многу земји го чуваат своето културно наследство, а се чини дека на Кина градот стар 1300 години не и бил прираснат за срце, па го жртвовале за подобра иднина. Долината во која градот некогаш се наошал сега носи име Езеро на илјада острови. Градот на Лавовите е со големина на 62 фудбалски игралишта, а научниците од целиот свет редовно го посетуваат и се восхитуваат на неговата сочуваност. Кинезите во меѓувреме направиле подморница за туристи која може во разгледување да понесе 48 посетители 23 метри под водата.