Македонските фудбалски тимови кои сезонава ќе настапат во мечевите од Европските фудбалски купови ќе добијат награда откако европската фудбалска унија (УЕФА), реши значително да го зголеми наградниот фонд во сезоната 2013/2014.

Така, македонскиот шампион Вардар ќе добие 200.000 евра како и дополнителни 175.000 евра бидејќи во националното првенство ја освои шампионската титула.

Металург, Тетекс, Хоризонт Турново кои настапија во првото претколо од Лигата Европа, ќе заработат по 120.000 евра, а доколку играат во второто коло ќе добијат по 130.000 евра, за пласман во третиот круг ќе бидат наградени со 140.000 евра.

ЛЕ : Реиналдо ги урна „евроамбициите“ на Металург

ЛЕ : Турново остана без победа, а Тетекс се спасуваше во финишот

ohridnews