„Пред речиси две години новата власт ја намали цената па паркирањето во центарот на Охрид од тогашните 50 на 20 денари за час, со што паркирањето стана подостапно за граѓаните и ги врати паркинзите под владение на ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ со што се направи основа за идно стабилизирање на приходите, од кои сега доаѓа најголемиот дел од приливот на финансии во пр етпријатието.“ Ова меѓу другото се истакнува во отчетот на директорот на ЈП „Билјанини извори“ Ристе Мишев, за работата на јавното претпријатие во изминатите две години.
-Во минатите две години се подготви документација и проект со кој се безбедија средства од ФФМ за изградба на фудбалскиот терен на вештаќка трева, капитална инвестиција за претпријатието вредна 300.000 евра, која покрај тоа што носи средства во касата на ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, носи шанса и бенефит за охридскиот туризам бидејќи привлекува екипи од земјите од регионот кои доаѓаат во Охрид да тренираат во зима од што корист имаат туристичките работници. – се вели во отчетот.
Од ЈП „Билјанини извори“ изразуваат благодарност на Локаланта власт, за двокатниот автобус донација од Владата, а кој, како што стои во соопштението, е изнајмвуан од туристичките агенции во летиот период и од кој се остваруваат знаајни приходи во буџетот на претпријатието.
-Тука ќе го напоменам и договорот кој го имаме потпишано со Локаланта самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, а со кој се субвенционираат речиси сите спортски клубови во градот на кои им се обезбедени спортските терени, а за нашето претпријатие се обезбедуваат дополнителни 2 674 000,00 денари кои општината ќе ги уплати како субвенција за клубоите во касата на ЈП Билјанини извори. – се нагласува во отчетот.
Се потенцира дека со домаќинско работење вработените почнале секој месец да примаат плата, а вкупниот долг на претпријатието бил намален за 2.204.422 денари.
Во отчетот се наброени дел од активностите кои во изминатите 2 години биле реализирани, како Европското првенство во Ракомет за кадетки, Гимназијадата 2014, меѓународниот турнир во кошарка Трофеј Македонија 2014, Балканското првенство во сениори во карате, како и на синдикалните игри на повеќе синдикати и други настани.
-Во ракми на проектот „СПОРТСКО ЛЕТО СПОРТ ЗА СИТЕ“ се одржаа и ревијалните натпревари во ватерполо кој се играат две години по ред меѓу вечните ривали Охрид и Струга, а го организиравме и пливачкиот митинг Климент Охридски. Се одржа и хуманитарен ревијален фудбалски нпатревар на ветераните на ФК Охрид и репрезентациајта на Македонија, како и Детската лига во која учествуваа дури 27 екипи од Македонија Тука ќе ги спомнам и гостувањето на фестивалите Злато Славејче и Супер Ѕвезда кои беа наши гости. – истакна директорот Мишев.
Тој најави дека ова лето од 20 до 26 јуни во Охрид ќе престојува најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ која ќе организира ракометен камп, во рамки на кој тренираат ракометари од 12 европски земји . Ќе се одржи и кошаркарскиот турнир Трофеј Македонија 2015, а Охрид ќе биде домаќин и на Европското кошаркарско првенство за млади.
Претпријатието преговарало и со продукциски куќи кои пројавиле интерес за закуп на објектите на кои планираат да организираат концерти на лето.
OhridNews