Знаела дека автобусите се преполни со џепароши, внимавала на својот паричник. Но, не можела ни да претпостави дека ќе и биде украдено нешто исто така драгоцено – косата.
Спрема „Џакарта пост“, Нуријама почувствувала во еден момент дека некој ја влече за коса. Набргу, во ужас сфатила дека крадецот отсекол 40 сантиметри од косата што била врзана во репче.
„Шест години ја „пуштав“ за да порасне оволку“, се жалела на полицијата која брзо го фатила необичниот крадец. Тој пак признал дека веќе една година како сечел коси на патници во автобус. Од косите правел привезоци за клучеви и ги продавал по еден долар.