Англиската учителка Лаура Анес, која имала 27 години во пријавата за натпреварот по убавина излажала дека има 22 години за да може да го исполни својот сон и да стане Мис во својот регион. Меѓутоа, организаторката на натпреварот, открила една стара пријава додека ја чистела својата канцеларија и сватила дека победничката излажала за некои детали во пријавата.


Според парвилата учесничките мораат да бидат на возраст од 15 до 24 години. Поради тоа круната и била одземена, како и наградата од 18 илјади фунти. Исто така и биле одземени сите права за учество на избори на убавина на територијата на Англија. Таа се извинила поради предизвиканиот инцидент.