Кимберли Вламинк од Белгија тврди дека заспала во салонот за тетовирање. Кога се погледнала не била сигурна дали сеуште сонува кога ги видела 56-те звезди на своето лице.Тврди дека Руслан од студиото за тетовирање кој лошо зборувал англиски и француски ја сфатил сосема погрешно. Сега таа го тужи студиото.
Му рекла дека сака само три звезди до окото, а тој ја претворил во чудак, од кој сите бегале на улица. Дури ја оставило и момчето, а таткото многу се налутил. Руслан, пак вели дека била будна цело време и дека неколку пати погледнала како напредува тетоважата, а сега таа го обвинува дека ја дрогирал и хипнотизирал. Вели дека едноставно го добила она што го барала.