Покрај бројните уништени предмети кои можат да се забележат низ парковите и шеталиштата во градот, деновиве на мета на несовесни граѓани се најде и информативната табла за лебедите, поставена во близина на каналот Студенчишта.
Информативната табла со податоци за црвеноклуниот лебед беше поставена во 2011 година во рамки на проектот „Регистрирање на гнездата на лебедите и нивна заштита во Охридското езеро со цел одржување на биодиверзитетот“ од страна на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид во соработка со Македонското лимнолошко друштво.
OhridNews